Рендери на претстојните Google смартфони Pixel 10, Pixel 10 Pro и Pixel 10 Pro XL се појавија во текот на месец март и го открија нивниот дизајн, а сега е откриен и изгледот на преклопниот модел Pixel 10 Pro Fold.
Pixel 10 Pro Fold е сличен на својот претходник, моделот Pixel 9 Pro Fold. Видеото со рендери не го прикажува во преклопена форма, додека се тврди дека, кога е отворен, е подебел за 0,2 mm во однос на Pixel 9 Pro Fold.
Најверојатно, неговите димензии се 155,2 x 150,4 x 5,3 mm, додека димензиите на неговиот претходник изнесуваат 155,2 x 150,2 x 5,1 mm кога е отворен. Сепак, можно е тие да бидат исти кога смартфонот ќе се појави на пазарот.
Моментално не се познати целосните спецификации, но гласините велат дека ќе биде напојуван од Tensor G5 процесор, во комбинација со 16 GB RAM и 256/512 GB внатрешна меморија.
Претставувањето се очекува во август заедно со моделите Pixel 10, Pixel 10 Pro и Pixel 10 Pro XL, пишува Android Headlines.