Sony ја освежи и обнови својата Bravia линија на телевизори и домашни кина. Одбележувајќи 20 години од постоењето на Bravia линијата, компанијата донесе неколку значајни новитети, меѓу кои и наследникот на „кралот на телевизорите“.
Најголемата вест ова утро е пристигнувањето на моделот Bravia 8 II, наследник на многу пати наградуваниот QD-OLED телевизор A95L, кој минатата година беше прогласен за „Крал на телевизорите“ на натпреварот Value Electronics TV. Според тврдењата на Sony, новиот модел има за 125% посилно максимално осветлување во однос на A95L и 150% повеќе во споредба со минатогодишниот Bravia 8 модел. Sony исто така ветува дека овој модел ќе биде по-достапен, иако цената сè уште не е објавена.
Sony демонстрираше Bravia 8 II во споредба со A95L, Samsung S95D и LG G4 модели, како и со професионалниот BVM-HX3110 референтен монитор, кој се користи за најпрецизна HDR калибрација. Иако новиот Bravia 8 II не може да го достигне нивото на прецизност на овој професионален монитор, се покажал како подобар во репродукција на бои во режимот „filmmaker mode“ во однос на Samsung и LG моделите.
Покрај флагшип моделот, Sony претстави и Bravia 5 телевизор со Mini LED осветлување, кој донесува шест пати повеќе зони за затемнување во споредба со моделот X90L. Исто така беше претставен и основниот Bravia 2 II LED модел, кој пристигнува во опсег од 43 до 77 инчи.
За љубителите на проектори, Sony додаде Bravia Projector 7, кој поддржува 4K при 120 Hz и достигнува осветленост од 2200 нити.
Исто така, беа претставени нови аудио продукти, вклучувајќи го Bravia Theater Bar 6 (soundbar со 3.1.2 конфигурација), Bravia Theater System 6 (5.1 систем) и Bravia Theater Rear 8 (бежични задни звучници), кои може да се интегрираат со Bravia телевизорите преку апликацијата Bravia Connect.
Sony ќе ги објави цените и датумите на издавање на овие нови модели во текот на пролетта, пренесува The Verge.