Нова Power линија на Honoir ќе се фокусира исклучиво на капацитетот на батеријата. Првиот паметен телефон би можел да има батерија од дури 8.000 mAh.
Минатата недела се прошири вест дека Honor работи на нов смартфон од средната класа со батерија со капацитет од 8.000 mAh. Иако не беше јасно за кој уред точно станува збор, сега излезе информација дека ќе биде дел од новата линија на мобилни телефони наречена Power.
Според Huawei Central, Honor со линијата Power ќе се фокусира само на капацитетот на батеријата и сите уреди ќе бидат од средната класа. Првиот телефон во оваа линија го носи моделскиот број DVD-AN00 и поддржува сателитско праќање на СМС-пораки, како и жично полнење од 80 W, што дефинитивно ќе биде добредојдено во комбинација со батерија од голем капацитет.
Ако станува збор за истиот телефон за кој се пишуваше минатата недела, се очекува да биде напојуван од Qualcomm чипсет од серијата Snapdragon 7 и да има моќни звучници.