Истражувањето за првпат покажува стапка на негативен раст во 2025 година, но влезот на Apple iPhone со преклопен екран би можел да ја промени моментаната состојба на пазарот.
Според најновите податоци од Counterpoint Research, глобалниот пазар на преклопни телефони за првпат ќе забележи пад во 2025 година, откако растот во 2024 година изнесуваше само 2,9%.
Клучните причини за забавувањето на овој сегмент од пазарот на мобилни телефони вклучуваат:
- Намалена продажба на Samsung во четвртиот квартал од 2024 (пад од 33% во споредба со претходната година)
- OPPO ја намали производството на поевтини модели (со пад дури од 72%)
Иако некои производители сè уште бележат двоцифрен или троцифрен раст, овој дел од пазарот генерално нема доволно замав. Сепак, аналитичарите веруваат дека ова не е крајот на преклопните телефони, туку само привремена корекција на пазарот.
Apple како потенцијален „game changer“
Широко се шпекулира дека Apple ќе го лансира својот прв преклопен iPhone во 2026 година, што би можело повторно да го разбуди интересот кај потрошувачите за уреди со преклопен екран.
По тој повод, аналитичарите на пазарот на мобилни уреди истакнуваат.
Следната година ќе биде клучна, и влезот на Apple може да го ревитализира пазарот, а помалите преклопни модели би можеле да станат уште попопуларни.
За сега, пазарот чека нов поттик – а Apple би можел да биде токму тој што ќе го донесе.