Разликата во уделот на пазарот помеѓу Windows 10 и Windows 11 продолжува да се намалува, а најновиот оперативен систем на Microsoft е на пат да го надмине својот претходник до летото оваа година.
Најновите бројки на Statecounter покажуваат дека пазарниот удел на Windows 11 рапидно се зголемува, додека ситуацијата е обратна за Windows 10. Но, пред да се отвори шампањско во Редмонд, треба да се каже дека Windows 10 сè уште зазема повеќе од половина од пазарот, односно 53,2 проценти, додека Windows 11 покрива 42,69 проценти. Меѓутоа, доколку продолжи сегашниот тренд, Windows 10 конечно би требало да падне под 50 отсто следниот месец, а наскоро потоа се очекува Windows 10 да го надмине.
Поддршката за повеќето верзии на Windows 10 ќе заврши на 14 октомври 2025 година, а Microsoft не покажува знаци за промена на планот за „пензионирање“ на застарениот оперативен систем.
Windows 11 дебитираше во 2021 година и донесе проблеми со компатибилноста, оставајќи многу компјутери кои работеа совршено со Windows 10 без можност за преземање на Windows 11. Корисниците набрзо најдоа решенија и се свртеа кон алтернативи, но четири години подоцна, барем на ниво на претпријатие, голем дел од некомпатибилниот хардвер е заменет или наскоро ќе биде заменет.
Дали корисниците сакаат Windows 11 е сосема друга работа. Овој оперативен систем нуди функции кои гарантираат надградба. Прекинувањето на поддршката за Windows 10 во октомври веројатно ќе биде значаен мотиватор за корисниците да се префрлат на поновиот ОС.