Microsoft работи на нов дизајн на Start менито на својот оперативен систем Windows 11, кој е поголем и пофлексибилен од постоечкиот.
Наговестување за новиот дизајн беше откриено во поновите верзии на Windows 11, каде што подобрениот Start мени има поголем распоред и конечно нуди можност за исклучување на препорачаните фајлови и апликации (recommended feed).
Препорачаниот дел беше главна „болна точка“ за корисниците на Windows 11 кои преминаа од Windows 10, бидејќи зафаќа многу простор во Start менијато, а не сакаат сите да гледаат неодамна користени фајлови и апликации. Новиот дизајн на Start менијато на Microsoft го задржува сето на една страница која може да се скрола, а корисникот може да пристапи до сите апликации без потреба од навигација до посебен дел.
Приказот на сите апликации исто така е лесно достапен и може да се прикаже во форма на категории или листа, во зависност од тоа како корисникот сака да изгледа корисничкиот интерфејс. Овој поголем Start мени значи дека корисникот сега може да закачи (pin) повеќе апликации – до осум во еден ред, наместо досегашните ограничени три реда.
Microsoft започна со тестирање на овој дизајн на Start менијато во 24H2 верзиите на Windows 11, но го пренесе и на 23H2 верзиите. Ова сугерира дека новиот дизајн ќе стане достапен за сите корисници на Windows 11 во наредните неколку недели или месеци.