Протечените цени покажуваат дека Samsung ќе го позиционира Galaxy S25 Edge како премиум алтернатива на претстојниот iPhone 17 Air
Samsung на почетокот на годината ја лансираше серијата Galaxy S25. Оттогаш, вниманието од главната линија модели се пренасочи кон Galaxy S25 Edge. Се наведува дека станува збор за ултра-тенок модел кој директно ќе му конкурира на телефонот iPhone 17 Air.
Уредот е наменет за корисници кои бараат спој на перформанси и естетика. Иако првично се очекуваше новиот модел да биде претставен во април 2025 година, изгледа дека ќе има мало одложување – не поради технички проблеми, туку како дел од стратешки план за лансирање. Гласините за Galaxy S25 Edge моделот кружат веќе некое време, а сега накратко се појави и веб-страница со европските цени на уредот, пред да биде отстранета.
Galaxy S25 Edge веќе некое време ја привлекува вниманието со својот елегантен и ултра-тенок дизајн. Иако лансирањето беше планирано за април, е поместено поради промена на стратегијата. Сепак, бројни протекувања на информации открија многу карактеристики на претстојниот уред. Најновите протечени информации за цените сугерираат дека Samsung не се фокусира само на премиум дизајн, туку и на висока ценовна позиција.
Galaxy S25 Edge ќе биде скапа конкуренција на iPhone 17 Air моделот
Страницата на италијанскиот продавач Zennetti, која сега е отстранета, ги откри европските цени за Galaxy S25 Edge. Според информациите на страницата, основниот модел ќе чини 1.362 евра (околу 1.498 долари), додека верзијата со 512 GB меморија била наведена на 1.488 евра (околу 1.636 долари).
Претходните шпекулации укажуваа на пониски цени – меѓу 1.249 и 1.259 евра за верзијата од 256 GB, и меѓу 1.369 и 1.379 евра за верзијата од 512 GB. Доколку новите информации се точни, Samsung го позиционира Galaxy S25 Edge над моделот S25 Plus, со повисоки цени од повеќето свои уреди од средна класа. Тоа би го направило најскапиот модел во серијата, и по дизајн и по цена.
Протечените цени ги потврдува и уште еден италијански продавач, Epto, што дополнително ја нагласува високата цена на овој модел. Galaxy S25 Edge наводно ќе биде достапен во бои Titanium Jet Black, Titanium Icy Blue и Titanium Silver и ќе биде директен ривал на iPhone 17 Air моделот.