Apple работи на нова верзија на Vision Pro со две клучни предности во однос на сегашниот модел, наведува Марк Гурман од Bloomberg
Во денешниот билтен Power On, Гурман наведува дека Apple развива нов хедсет што ќе биде и полесен и поевтин од актуелниот Vision Pro, кој тежи околу 680 грама и во САД се продава по цена од 3.499 долари.
Гурман исто така наведува дека Apple работи на уште една верзија на Vision Pro што ќе може преку кавел да се поврзе со Mac, за искуство со ултра-ниска латентност.
„Идејата е да се создаде систем со ултра-ниска латентност за стриминг на приказот од Mac уредот на корисникот или за поврзување со напредни enterprise апликации,“ вели Гурман. „Некои корисници го користат Vision Pro за активности како преглед на слики за време на операција или во летачки симулатори. Тоа се две области каде што е најважно да се има што е можно помала латенcija – нешто што не може да се гарантира со целосно безжичен систем“.
Не е познато кога Apple планира да гo лансира новиот модел. Сегашниот Vision Pro беше пуштен во продажба во февруари 2024 година.
Гурман додаде дека еден од врвните приоритети на Извршниот директор на Apple, Тим Кук остануваат вистинските очила за проширена реалност (augmented reality), но таков производ најверојатно е „уште многу години“ далеку од реализација.