Како што беше најавено минатиот месец, верзијата Chrome 135 за Android сега постепено се воведува и носи донесува нов „edge-to-edge“ (од раб до раб) дизајн на прикажување на екранот.
Кога се движите надолу по веб-страницата, навигациската лента со гестови на Android повеќе не се прикажува фиксирано, самостојно на позадината, што претходно беше дел од тематското приспособување на Chrome. Наместо тоа, лентата сега се појавува врз самата веб-содржина, со што се создава впечаток на пополнет и помодерен приказ. Иако ова не ја зголемува количината на содржина што се гледа на екранот, придонесува за чувство на поголем простор и современ изглед, во склад со другите апликации кои преминуваат на приказ од раб до раб на екранот.
Позадината на лентата останува видлива кога се наоѓате на врвот на страницата или кога се движите нагоре.
Во позадина, Chrome користи нова функција наречена dynamic bottom bar. Таа автоматски се повлекува кога корисникот се движи надолу, овозможувајќи проширување на приказот на страницата до долниот раб на екранот.

Ажурирањето на Chrome 135 е достапно преку Play продавницата, но „од раб до раб“ дизајнот се активира преку посебна надградба од сервер, која оваа недела стигна до поголем број корисници.
За сега, оваа функција е достапна само на уреди со мали екрани (мобилни телефони), додека поддршката за уреди со поголеми екрани (таблети) се очекува подоцна. Исто така, новата функција важи исклучиво за корисниците кои користат навигација со гестови, а не за оние кои користат стандардна командна лента со три копчиња, пишува 9to5Google.

