Во Вашингтон започна судењето против Meta во антимонополскиот случај каде што Американската Федерална трговска комисија (FTC) тврди дека компанијата, која веќе беше сопственик на Facebook ги купила Instagram во 2012 година и WhatsApp во 2014 година со цел да ја елиминира конкуренцијата и да создаде монопол.
Дали Цукерберг, односно Meta ќе мора да ги продаде WhatsApp и Instagram, ќе зависи од исходот на судењето (и евентуалните жалби, ако ги има), кое денес започна во Вашингтон, каде FTC тврди дека Мета, која веќе беше сопственик на Facebook, ги купила Instagram и WhatsApp со цел да го уништи пазарното натпреварување и да воспостави монопол.
Иако истиот тој FTC во свое време ја одобри оваа аквизиција, се обврзал да ги следи последиците. Ако FTC победи, можно е да го натера Марк Цукерберг да ги продаде Instagram и WhatsApp.
Meta тврди дека е „уверена во победа“, но правни експерти сметаат дека изјавата на Цукерберг „… подобро е да купиш отколку да се натпреваруваш“ може да му се врати како бумеранг.
Компанијата најверојатно ќе тврди дека намерата не е релевантна во антимонополски случај и дека вистинското прашање е дали потрошувачите се во подобра позиција по спојувањето. Цукерберг и поранешната директорка Шерил Сандберг треба да сведочат на судењето.
Случајот беше покренат за време на првата администрација на Трамп, но постои ризик од политизација за време на неговиот можен втор мандат. Според Wall Street Journal, Цукерберг лобирал кај Трамп FTC да го повлече случајот. Односите меѓу нив биле затегнати по исклучувањето на Трамп од платформите на Мета, но наводно тие малку се подобриле, иако познавачите на американскиот претседател велат дека тој не е личност која „простува и заборава“, односно малку е веројатно дека заборавил и простил за односот кон него.
Отпуштањето на двајца комесари на FTC од страна на Трамп во март исто така има влијание врз случајот.
Мета тврди дека доказите ќе покажат дека „Instagram, Facebook и WhatsApp се натпреваруваат со TikTok, YouTube, X, iMessage и многу други.“