Минатата година Apple претстави верзија на Apple Maps која можеше да се користи преку веб прелистувач на адресата beta.maps.apple.com. Тогаш компанијата истакна дека услугата се наоѓа во период на јавни бета тестирања и е достапна само на англиски јазик.
Во изминатите денови, адресата на услугата беше променета во maps.apple.com, а заедно со тоа, таа сега е достапна и за мобилниte уреди. Ова значи дека Apple Maps за првпат може да се користи и од корисниците на Android. Но, не брзајте со радоста, бидејќи се работи за релативно основна функционалност.
Го тестиравме Apple Maps во Chrome и Firefox, и иако функционира, не се работи за истата услуга која ја користат Apple корисниците на iPhone. На пример, не можете да се најавите со вашиот Apple профил, што пак значи дека немате пристап до сите зачувани локации. Картата исто така не нуди детални информации за јавниот превоз во одреден регион или град.
Засега, нивото на функционалност на Apple Maps за Android изгледа сосема основно, дозволувајќи им на корисниците да бараат локации и да добиваат насоки, како и да пронаоѓаат важни места во близина, како на пример бензински пумпи. Веб-верзијата сè уште го прикажува натписот „beta“, што укажува на тоа дека работата на неа сè уште продолжува.