Galaxy Z Fold7, новиот преклопен телефон на Samsung, бележи подобри перформанси од конкуренцијата благодарение на целосната верзија на чипсетот Snapdragon 8 Elite и пристигнува со Android 16 и 12 GB RAM меморија.
Во пресрет на официјалното претставување закажано за лето, Samsung Galaxy Z Fold7 се појави во базата на податоци на Geekbench и покажа супериорни перформанси во однос на Oppo Find N5. Клучната предност доаѓа од користењето на целосната осумјадрена верзија на процесорот Snapdragon 8 Elite, за разлика од Find N5 кој користи ограничена верзија од истиот чипсет.
Според резултатите од OpenCL тестот, Galaxy Z Fold7 остварил резултат од 18.143, што е за околу 2,6% повеќе од резултатот на Oppo Find N5, но и дури 27,9% подобро од неговиот претходник – Galaxy Z Fold6.
Клучни спецификации кои се откриени:
- Snapdragon 8 Elite (верзија „for Galaxy“ со две Prime јадра на 4,47 GHz)
- 12 GB RAM меморија
- Android 16 (што би бил првиот преклопен телефон на Samsung со оваа верзија на системот)
- Се очекува унапредена камера од 200 MP, помалку видлива линија на преклоп и поголеми екрани, слични на оние кај Galaxy Z Fold Special Edition моделот
Покрај Galaxy Z Fold7, се очекува Samsung да ги претстави и моделите Z Flip7, Z Flip FE, како и првиот уред со три преклопни екрани – Galaxy G Fold. Интересно е што Fold7 најверојатно нема да пристигне со Android 15, како што беше случај со претходните модели, туку директно со Android 16, што претставува значителен исчекор во софтверската политика на преклопните уреди на Samsung.