Благодарение на новата секција во рамките на ChatGPT, корисниците лесно можат да ја прегледаат галеријата со сите фотографии кои ги има генерирано AI-чатботот.
OpenAI во ChatGPT додава секција наречена Library (Библиотека), која на едно место ги собира генерираните слики.
Новата секција се наоѓа во левото странично мени, и со клик на неа се прикажува галерија на слики генерирани од AI врз основа на вашите текстуални инструкции. OpenAI на X објави и кратко демонстративно видео кое прикажува како изгледа Library во пракса.
Секцијата Library е достапна веќе сега за сите типови на корисници на ChatGPT, независно од претплатничкиот пакет. Може да се најде на мобилната, десктоп и веб верзијата на чатботот.