Карл Пеи, основач и извршен директор на Nothing потврди дека Phone (3) моделот ќе биде претставен во периодот меѓу јули и септември годинава
Nothing минатиот месец ги претстави моделите Phone (3a) и Phone (3a) Pro, но најмоќниот модел од таа серија, Phone (3), сè уште не е во продажба и така ќе остане барем уште неколку месеци.
Имено, основачот и извршен директор на Nothing, Карл Пеи, на платформата X потврди дека Phone (3) ќе биде претставен во третиот квартал од годината, односно помеѓу јули и септември. Бидејќи и Phone (1) и Phone (2) беа претставени во летниот период, се чини дека новиот мобилен уред нема да отстапи од распоредот на компанијата.
Во моментов нема многу информации за Phone (3), но се очекува Nothing да започне со рекламна кампања веќе кон крајот на мај, кога ќе се дознаат и повеќе детали.

