iPhone 17 Pro и 17 Pro Max можеби ќе пристигнат оваа есен во нова боја, слична на онаа што неодамна ја видовме кај новиот MacBook Air.
Apple нема издадено iPhone Pro модел во посветла нијанса на сина уште од 2021 година, кога iPhone 13 Pro можеше да се купи во таканаречената боја Sierra Blue. Но, тоа би можело да се промени веќе оваа есен со претстојните iPhone 17 Pro и 17 Pro Max.
Имено, според информациите што ги објави аналитичарот Мајин Бу, iPhone 17 Pro и 17 Pro Max ќе може да се купат во боја наречена Sky Blue. Станува збор за сина боја каква што имавме можност да ја видиме минатиот месец кај новопретставениот MacBook Air со M4 процесор, и која повеќе наликува на сиво со нијанси на сина.
Доколку им се верува неофицијалните рендери и производителите на заштитни маски, iPhone 17 Pro и 17 Pro Max ќе добијат редизајниран систем на камери. Иако некои рендери прикажуваат дека системот ќе биде во различна боја од мобилниот, се чини дека во Sky Blue варијантата тој би можел да биде еднобоен.



