Минатиот месец Министерството за правда најави дека Google би можел да биде приморан да го продаде пребарувачот Chrome, а доколку дојде до таков потег, компанијата OpenAI е подготвена да го купи.
Google е „под лупа“ по судската пресуда од минатата година што се однесува на монополот врз онлајн пребарувањето, а иднината на дигиталните услуги на оваа компанија сè уште е неизвесна. Минатиот месец Министерството за правда најави дека Google би можел да биде приморан да го продаде пребарувачот Chrome, а доколку дојде до таков потег, компанијата OpenAI е подготвена да го купи.
Bloomberg јавува дека Ник Турли, првиот човек за ChatGPT зборуваше на сослушување за монополската ситуација на Гугл и бил запрашан дали OpenAI е заинтересиран за купување на Chrome.
„Да, сме заинтересирани, како и многу други“, јасно одговори Турли.
Моментално, корисниците можат да го користат AI-асистентот ChatGPT во Chrome преку додатоци, но Турли изјави дека интеграцијата би станала подлабока доколку OpenAI стане сопственик на пребарувачот. Хипотетички, Chrome во сопственост на OpenAI би можел да им понуди на корисниците „вистинско AI-искуство“.
Chrome не е единствената имотна сопственост на Гугл над која компанијата би можела да ја изгуби контролата. Друг судија претходно утврдил дека Гугл бил вклучен во антиконкурентско однесување поврзано со интернет технологијата за рекламирање. Не е изненадување што многу други страни би биле заинтересирани за купување на една од најпопуларните услуги на Гугл. Вистинското прашање е – која од нив не би создала нов монопол?
Засега, Министерството за правда му дозволува на Гугл да продолжи со инвестициите во вештачка интелигенција, но доколку Chrome заврши во сопственост на OpenAI, тоа би предизвикало нови загрижености. Тркалото на правдата се врти бавно, па можно е крајот на овој случај да се чека подолго време.

