Компанијата Razer претстави две нови верзии од своето Pro Click глувче, чиј дизајн е фокусиран на удобност при користење.
Pro Click V2 е стандардниот модел на глувчето, додека Pro Click V2 Vertical Edition е првиот маус со вертикален дизајн во понудата на Razer. Сè повеќе производители на периферна опрема нудат вертикални дизајни, кои можат да бидат поергономични опции, особено ако корисникот чувствува непријатност при долготрајно користење на компјутер.
Pro Click V2 Vertical Edition има осум копчиња кои може да се програмираат, а батеријата му трае до шест месеци. Неговиот наклон изнесува 71,7 степени, што му овозможува на корисникот да го држи во зафат сличен на ракување, што може да го намали заморот при долги сесии на користење. Дополнително, постои и поддршка во базата за намалување на триењето на зглобот. Овој модел чини 120 долари.
Цената на стандардниот модел Pro Click V2 изнесува 100 долари, добил дополнително деветто копче, а батеријата му трае до три и пол месеци. Исто така, има благ агол од 30 степени за поприроден зафат.
RGB осветлувањето, кое долго време е заштитен знак на Razer производите, е дел и од двете верзии на новиот глушец.