Конзолата за игри PlayStation 5 на Sony доби ажурирање на софтверот што го враќа изгледот на интерфејсот на претходните конзоли.
Откако фановите го поздравија потегот на Sony да понуди изглед и чувство на корисничките интерфејси на претходните генерации на конзоли на PlayStation 5 за време на 30-годишнината од неговото постоење минатата година, компанијата потврди дека работи на тоа овие естетски промени да бидат трајно достапни. Тоа ветување е исполнето, бидејќи новото ажурирање за PS5 носи четири ретро UI скинови.
За жал, почетните звуци кои ја обележаа секоја генерација на конзолата не се дел од надградбата, што значи дека нема да има ништо од нивното враќање. Сепак, изгледот на интерфејсот може да се смени по желба во Appearance во менито Settings.
Друга голема компонента на ажурирањето на софтверот е функцијата Audio Focus, која може да помогне да се подобри искуството со игрите додека користите слушалки. Гејмерите можат да го зголемат гласот, ниските тонови, високите или тивките звуци, исто така, можни се и други поставки.
Надградбата е достапна почнувајќи од денес.