Според демонстративното видео објавено од YKK, нивниот самоподвижен патентен затворач може да спои две платна долги 5 метри.
Најголемиот светски производител на патентни затворачи, јапонскиот YKK, претстави прототип на затворач со вграден мотор и запчан механизам кој може да се закопча со притисок на копче од далечински управувач.
Како што е прикажано во видеото кое YKK го објави на својот YouTube канал, нивниот самоподвижен патентен затворач без проблеми спојува две платна високи речиси 5 метри за само 40 секунди. Доколку ваквото закопчување би се вршело рачно, ќе траеше значително подолго и ќе бараше употреба на скали или друга опрема.
YKK објави и друго видео во кое прототипот спојува два шатори широки речиси 4 метри и високи над 2,5 метри. Тој процес траеше околу 50 секунди.
Како што пренесува The Verge, YKK го гледа својот прототип пред сè во индустриска примена, па е малку веројатно дека наскоро ќе закопчуваме јакни на ваков начин. Сепак, доколку некогаш решат да ја користат оваа технологија за облека, ќе треба значително да го намалат затворачот и да развијат систем кој ќе спречи заглавување или повреди.