Новиот One UI 8 може да пристигне заедно со Galaxy Z Flip 7 и Z Fold 7, и тоа точно пред излегувањето на серијата Pixel 10.
Samsung би можел да ги претстави Galaxy Z Flip 7 и Galaxy Z Fold 7 на почетокот од јули 2025 година, на настанот Unpacked во Њујорк, САД. Бидејќи се очекува овие уреди со преклоpni екрани да работат на Android 16, новата верзија на корисничкиот интерфејс One UI 8 најверојатно ќе биде лансирана во исто време.
Со тоа, Samsung би можел да го донесе Android 16 до корисниците пред серијата Google Pixel 10, која се очекува во август 2025 година. Сепак, побрзото темпо на објавување на Android од страна на Google значително влијае врз плановите на Samsung.
Иако специфичните функции на One UI 8 сè уште не се официјално откриени, Android 16 би можел да ја подобри поддршката за режимот на работа како десктоп, да ги унапреди здравствените функции и да додаде алатки за заштита од кражба. Во неодамна објавените верзии на управувачкиот софтвер беа забележани редизајнирани апликации и мали промени во дизајнот на корисничкиот интерфејс.
Се очекува Android 16 да биде официјално претставен во јуни 2025 година, што е порано отколку вообичаеното за Android верзиите кои обично се објавуваат на есен, а Samsung планира да го усогласи своето ажурирање One UI 8 со тој распоред, пишува Sammy Fans.
 
			         
			        

 
			        