Со нов изглед, солидни перформанси, одлична батерија и интеграција на вештачка интелигенција, Galaxy A56 е телефон кој изгледа поскапо отколку што навистина е – и тоа е неговиот најголем адут.
Текст и фото: НИКОЛА БУРАГЕВ
Samsung Galaxy A серијата уште од нејзиното појавување на пазарот се стреми да понуди искуство слично на најскапите уреди, прилагодено на понискаta ценовна класа. Благодарение на тоа, компанијата од година во година ја прилагодува својата средна класа смартфони со цел да ги понуди најпопуларните функции од S серијата, само за доста подостапна цена. Најновиот Galaxy A56 во преден план ги донесува придобивките од вештачката интелигенција со елегантна интеграција на Gemini од Google и неколку популарни AI функции од Galaxy AI.
Дизајн
Во однос на изгледот на уредот, речиси сите луѓе околу мене мислеа дека наместо Galaxy A56, користам некој нов и сè уште необјавен Galaxy S26 модел. Иако Galaxy A56, во споредба со својот претходник, во поглед на дизајнот не донесува некакви значајни промени (и понатаму се користат премиум материјали), две работи го прават да изгледа поскап отколку што навистина е. Тоа се новиот модул со камери, кој потсетува на оној од Galaxy Z Fold серијата и дебелината на уредот. Овој пат, Samsung успеа да ја намали дебелината на телефонот, па заедно со премиум материјалите, брусен алуминиум и новиот модул за камери, навистина лесно е да се помисли дека станува збор за премиум флегшип смартфон. Токму поради ова, Galaxy A56 е веројатно најубавиот и „најпремиум“ на телефон на изглед за овие пари.
Екран
Она во што инаку најмногу го гледате на телефонот оваа година е речиси непроменето. Galaxy A56 има благо поголем екран (дијагоналата порасна на 6.7 инчи), кој е околу 20 проценти посветол и навистина дури и на силно сонце, содржината на дисплејот се гледа сосема добро. Рамките околу екранот се релативно тенки, а самата слика – на типичен Samsung начин – како да „искачува“ од овој Super AMOLED со живописноста на боите и контрастот. За среќа, тоа може да се прилагоди во поставките, доколку не ви одговараат премногу заситените бои.
Иако многумина ќе реагираат на тоа што Samsung и понатаму штеди на PWM во екраните, нема DC Dimming и слични функции (кои лично ми недостасуваат бидејќи очите ми се чувствителни на треперење), реалноста е дека просечниот корисник тоа воопшто нема ни да го забележи. Во секој случај, се работи за многу добар екран во кој корисниците на Galaxy A56 ќе уживаат.
Хардвер
Дури и кога го користев смартфонот на сонце со вклучен GPS и навигација, како и при слушање музика, сликање и снимање, на крајот од денот и понатаму имаше 45-55 проценти батерија со над 5 часа вклучен екран. Ако некој ми кажеше дека ќе имам вакво добро траење на батеријата на Samsung телефон со Exynos чип и притоа со релативно брзо и флуидно работење – никогаш не би му поверувал, но сепак тоа е вистината. За жал, полначот не е вклучен во кутијата и се сомневам дека некогаш повторно ќе биде, но Galaxy A56 се полни дури и побрзо од Galaxy S25, кој е многу поскап. Полнењето од 45W е релативно бавно, но сепак полнењето е побрзо во споредба со флегшипот на компанијата.
Телефонот има иста батерија од 5000 mAh како и кај моделот од минатата година. Поради зголемениот екран, помоќниот процесор и другите фактори, времето помеѓу полнењата е малку пократко, но уредот и понатаму издржува цел ден – од рано утро до доцна навечер.
Софтвер
Samsung Galaxy A56 е еден од ретките Samsung смартфони во светот кој пристигнува со OneUI 7 и Android 15. Станува збор за малку ограничена верзија на OneUI 7 затоа што наводно Galaxy A56 нема доволно паметен чип за некои напредни AI функции, но освен тоа, сѐ што е важно – е тука. Системот изгледа поразлично, има освежен дизајн – иако со неколку недостатоци – низа нови опции за прилагодување на интерфејсот и конечно е отклучен GoodLock со сите модули, ако сакате да го направите Samsung телефонот целосно „свој“.
Повремено, на пример, поради ниското позиционирање на оптичкиот сензор за отпечаток под екранот, се случува OneUI 7 да не знае каде да ги смести некои нови функции како Now Bar, па телефонот за момент може да изгледа необично само поради чудниот интерфејс. Но, покрај тоа, со ветени 6 години надградби (кои се надеваме дека повеќе нема да доцнат како што доцнеше OneUI 7, кој сѐ уште не пристигна до многу Samsung телефони), ова е најдоброто што може да се добие за овие пари.
Кога станува збор за вештачката интелигенција, телефонот ги поддржува сите Google алатки, како и Galaxy AI функциите на вештачка интелигенција. Главната разлика помеѓу Galaxy A и S серијата е квалитетот на обработката на фотографиите.
Камери
Она што е најмалку променето, и покрај редизајнот на хардверот, се камерите. Од трите задни и една предна, изменета е само селфи камерата – која сега има помал број на мегапиксели, но поголем сензор. Главната задна камера, пак, благодарение на подобриот чип, значително подобро се снаоѓа при ноќните сцени и во услови на слабо осветлување, но генерално, камерите се речиси идентични со оние на претходниот модел.
Додека макро камерата со малку трпение и умешност може да даде одлични резултати, фотографиите направени со ултрашироката камера заостануваат по квалитет, без разлика дали се сликани дење или ноќе. Портретите поддржани со вештачка интелигенција изгледаат убаво, иако малку бледо, без разлика дали се сликани со предната или задната камера.
Заклучок
Samsung Galaxy A56 дефинитивно не е смартфон на кој треба да преминете ако веќе имате некој од поновите Galaxy A моделите од 5X серијата. Иако Galaxy A56 изгледа прекрасно за својата цена, нуди сосема солидна брзина, одличен екран и навистина извонредна батерија, промените се помалку драстични. Но, ако доаѓате од многу постар или послаб телефон, Galaxy A56 е добар избор ако барате добро избалансиран телефон кој не жртвува премногу во ниту еден сегмент.
Лично, ова е телефон кој успеа да ме излаже дека се работи за многу поскап уред отколку што е. Не само мене, туку и сите околу мене – па, ако сакате смартфон кој привлекува внимание или остава впечаток дека сте платиле многу повеќе, Galaxy A56 е вистинскиот избор за вас. Тоа не значи дека се работи за илузија или измама, туку дека Samsung направил телефон кој е доволно добар во секој поглед за да потсетува на далеку поскапите модели.
Новата серија Galaxy A е достапна во различни бои. Galaxy A56 5G е достапен во графитна, светлосива, маслинеста и розова боја. За да дознаете повеќе за Galaxy A56 5G, Galaxy A36 5G, Galaxy A26 5G and другите Galaxy паметни телефони, посетете ја страницата samsung.mk.
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Samsung Galaxy А56 5G |
|
Екран |
|
Димензии |
|
Чипсет |
|
Камера |
|
Интерна меморија |
|
Батерија |
|
Полнење |
|
Оперативен систем |
|
Мрежа и поврзување |
|
Безбедност |
|
Отпорност |
|
Оценка |
5/5 |