Новата Simplify опција во Google апликацијата користи вештачка интелигенција за поедноставување на тешки и помалку разбирливи текстови, но моментно е достапна само за корисниците на iPhone.
Google ја најави новата AI функција наречена Simplify, која засега е ексклузивно достапна за корисниците на уредите со iOS. Оваа опција е интегрирана во iOS верзијата на Google апликацијата и им овозможува на корисниците, со помош на Gemini AI моделот, да ги поедностават сложените и стручни текстови, како што се медицинските или техничките термини, за полесно да ги разберат.
Кога корисникот ќе наиде на комплициран текст при пребарување, може да обележи одреден пасус и да кликне на копчето Simplify. Вештачката интелигенција потоа го преработува содржајот во подостапен и поразбирлив јазик, задржувајќи ги клучните информации, се вели на официјалниот блог на Google.
Google напоменува дека целта на оваа функција е да го олесни разбирањето без жртвување на важни детали. Сепак, тие истакнуваат дека дури ни најнапредната вештачка интелигенција не може да гарантира целосна точност, па затоа корисниците треба да бидат внимателни и критички настроени кон содржината што ја добиваат.
Засега не е познато кога Simplify ќе биде достапна и за Android и за десктоп корисниците.