Новата верзија на Netflix апликацијата за ТВ донесува поедноставен дизајн, попаметни препораки и поистакнати информации за содржината, а ќе биде воведена постепено низ целиот свет во наредните недели и месеци.
Netflix најави значајно надградување на својот ТВ интерфејс, тврдејќи дека донесува помодерен, појасен и поинтуитивен изглед кој треба да им ја олесни на корисниците потрагата и изборот на содржини.
Сепак, и покрај позитивните најави, дел од корисниците на интернет оваа промена ја пречекаа со скепса, имајќи ги предвид честите поскапувања на услугата во последните години. Некои иронично се запрашаа дали ова е подготовка за уште една корекција на цените.
Четири клучни новитети во Netflix ТВ интерфејсот:
- Поистакнати информации за содржината: Ознаки како „добиен ЕМИ“ или „број 1 на топ листа“ сега се повидливи на насловната страна, за полесно да се препознае што вреди да се гледа.
- Преместени кратенки: Наместо од левата страна, опциите како пребарување, серии, филмови и „мојата листа“ сега се поставени на врвот од екранот, што ја олеснува навигацијата.
- Попаметни препораки: Алгоритмот за препораки сега дополнително го зема предвид расположението на корисникот и неговите тековни навики, нудејќи персонализирана содржина.
- Целосно нов дизајн: Главниот екран доби помодерен и поедноставен изглед, со појасни икони и почист распоред на елементите.
Netflix најави и тестирање на нови функции за iOS корисниците, вклучувајќи:
- Вертикални кратки видео-препораки слични на TikTok, кои брзо се прелистуваат.
- Пребарување базирано на вештачка интелигенција, кое ќе овозможи напредно и поприродно пронаоѓање содржина.
Новите функции на телевизорите и мобилните уреди се дел од поширока стратегија на Netflix за задржување на конкурентската предност, но имајќи ги предвид честите корекции на цените, корисниците остануваат претпазливи и со доза на иронија ги пречекуваат секоја поголема промена.