Додека конкурентите продаваат сè повеќе паметни часовници, Apple продава сè помалку, особено во Северна Америка.
Иако 2024 година беше многу успешна за Apple на пазарот на паметни телефони, истото не може да се каже за нивните паметни часовници. Имено, според најновиот извештај на Counterpoint Research, испораките на Apple Watch бележат пад од 19 проценти на годишно ниво, при што намалена побарувачка е забележана во сите региони, освен во Индија.
Особено е значаен падот на пазарот во Северна Америка, кој традиционално претставува главен двигател на растот на Apple. Аналитичарите од Counterpoint истакнуваат дека четвртиот квартал од 2024 година бил веќе петти последователен квартал со пад на испораките на Apple Watch, што укажува на подлабоки проблеми во овој сегмент.
Аналитичарите сметаат дека еден од главните причини за таквиот пад е отсуството на нова генерација на пристапниот Apple Watch SE, како и минималните надградби кои ги донесе Apple Watch Series 10.