Епл размислува да го редизајнира Safari со цел директно да поддржува пребарувачки сервиси засновани на вештачка интелигенција, објави Марк Гурман од Bloomberg.
Сениор потпретседателот за сервиси на Apple, Еди Кју изјави дека компанијата „активно разгледува“ да го преобликува Safari околу AI пребарување, како дел од неговото сведочење во тужбата на Министерството за правда на САД против Google. Спорот се врти околу договорот вреден 20 милијарди долари меѓу Apple и Google, со кој вториот е поставен како стандарден пребарувач на уредите на Apple.
Кју наведе дека пребарувањата преку Safari се намалиле за првпат во април 2025 година — промена што ја припишал на префрлувањето на корисниците кон AI сервиси. Тој додаде дека верува оти услиугите како ChatGPT, Perplexity и Claude на крајот ќе ги заменат традиционалните пребарувачи како Google. Поради тоа, Apple ќе мора да ги додаде како опции во Safari во иднина. Кju рече дека компанијата веќе разговарала со Perplexity.
AI опциите „веројатно нема да бидат стандардни“, објасни Кју, но ќе бидат додадени „на листата“ на можности. Тој нагласи дека овие сервиси сè уште треба да бидат подобрени.
„Можно е да не ви треба iPhone за 10 години, колку и да звучи лудо. Единствениот начин да имаме вистинска конкуренција е кога ќе дојде до технолошки промени. Тие промени создаваат нови можности. Вештачката интелигенција е токму таква промена и носи нови шанси за нови играчи,“ додаде тој.
Кју нагласи дека AI сервисите треба да ги подобрат своите индекси за пребарување, но и дека, дури и ако тоа не се случи брзо, корисниците сепак ќе се префрлат, бидејќи тие сервиси нудат „многу подобри“ функции. Големите јазични модели ќе продолжат да се подобруваат со време, што дополнително ќе ги мотивира корисниците да се оддалечат од традиционалното пребарување.
„Сега има доволно пари, доволно големи играчи, и не гледам како тоа да не се случи,“ рече Кју.
Сепак, тој изјави дека верува оти Гугл треба да остане стандардната опција за пребарување во Safari. Додаде и дека изгубил сон поради можноста Епл да го изгуби делот од приходот што го добива поради договорот со Гугл. Договорот сега вклучува и интеграција на Google Lens во Visual Intelligence.