Корисниците на iPhone ќе бидат првите кои ќе можат да ја испробаат новата и прилично корисна функција на Google Maps со поддршка од вештачката интелигенција Gemini.
Google Maps воведува нова практична функција која автоматски ги препознава локациите од скриншоти зачувани на телефонот. Корисниците повеќе нема да мора рачно да ги внесуваат имињата на ресторани или туристички локации во пребарувањето – апликацијата сега користи вештачка интелигенција за да го анализира содржајот на сликите и автоматски да ги идентификува локациите што се прикажани на нив.
Функцијата се потпира на Gemini AI моделот и им овозможува на корисниците лесно да обележуваат места на мапата и да ги зачувуваат во персонализирани листи. Доколку на сликата се прикажани име на објект, адреса или какви било идентификациски податоци, Google Maps ќе ги препознае и ќе го прикаже соодветното место на мапата.
Важно е да се нагласи дека функцијата се активира исклучиво со дозвола од корисникот – апликацијата нема да пристапува до фотографиите без претходна согласност. Исто така, можно е рачно да се внесат поединечни скриншоти доколку не сакате целата галерија автоматски да се прегледува.
Моментално, функцијата е достапна само за корисниците на iPhone уреди во Соединетите Американски Држави. Google планира постепено да ја прошири во други региони и на Android уреди, но сè уште нема објавено конкретен датум за поширока достапност, пренесува LTN.