Apple работи на специјален чип за паметни очила кои би можеле да бидат конкуренција на моделот Meta Ray-Ban. Се очекува масовното производство на чипот да започне до 2027 година.
Apple постигнал напредок во развојот на специјализиран чип за идните паметни очила кои би се натпреварувале со паметните очила Meta Ray-Ban, наведува новиот извештај на Bloomberg. Чипот е заснован на технологијата што се користи во Apple Watch, но е значително приспособен – одредени делови се отстранети, а други компоненти се модифицирани за да поддржат повеќе камери кои очилата би можеле да ги имаат.
Планирано е масовното производство на овој чип да започне кон крајот на 2026 или во текот на 2027 година, што укажува дека самите паметни очила би можеле да бидат лансирани во тој период.
Чипови за Apple Watch, AirPods и AI сервери
Наводно, Apple развива и очила со проширена реалност (AR), што се совпаѓа со визијата на Мета. Meta минатата година ги претстави паметните очила Orion, но тие не се наменети за јавна продажба – тоа, според наводите е планирано за втората генерација, чие претставување исто така се очекува во 2027 година.
Покрај чипот за очила, Apple развива и чипови за камери во Apple Watch и AirPods, кои исто така треба да бидат подготвени до 2027 година. Паралелно се работи и на нови чипови од M серијата, како и на сервери засновани на вештачка интелигенција, што укажува на поширока стратегија за проширување на присуството на Apple во областа на AI и носечката технологија.

