Во кинеската компанија развиja и надградиja повеќе од 150 апликации за пратечкиот екосистем, а исто така интегрирале повеќе од две илјади универзални апликации.
Huawei го претстави првото издание на својот оперативен систем Harmony наменет за персонални компјутери. Првиот компјутер што ќе го користи ќе биде претставен на 19 мај. Освен за компјутери, Harmony е достапен и за паметни телефони, таблети, паметни телевизори, носливи уреди…
HarmonyOS Base ги вклучува јадрото на HarmonyOS, ARK Engine, безбедносната архитектура StarShield, ArkTS, AkrUI и DevEco. Во Huawei развиле и надградиле повеќе од 150 апликации за пратечкиот екосистем, а интегрирале и повеќе од две илјади универзални апликации. Ова вклучува и пакет софтвер за продуктивност.
Исто така, HarmonyOS може да поддржува повеќе од 1.000 надворешни уреди, тврдат во кинеската компанија. Тоа опфаќа 800 стандардни периферни уреди и 20 категории (тастатури, компјутерски глувци, монитори и друго). Дополнителни повеќе од 250 нестандардни уреди (печатари, таблети, скенери…) се квалификувале за сертификација за компатибилност.

