Новата функција на YouTube наречена Peak Points, користи вештачка интелигенција за да вметне реклама веднаш по најинтересните делови од видеото, што би можело прилично да ги изнервира гледачите.
YouTube најави нов вид реклами под името Peak Points, кои користат вештачка интелигенција (Google Gemini) за да ги препознаат најемотивните или најинтересните моменти во видеото и потоа да прикажат реклама веднаш по нив. Целта е да се искористи високиот степен на внимание на гледачите во тој момент за да се зголеми ефектот на рекламата.
Овој пристап потсетува на таканаречено „емотивно таргетирање“, каде што рекламите се прикажуваат кога гледачите се најемоционално вклучени, што може да го зголеми нивното сеќавање на огласот. Сепак, многу корисници би можеле да ги сметаат ваквите прекини за многу иритирачки, особено ако се случат веднаш по клучни сцени.
Покрај ова, YouTube претстави и нова шопинг реклама за телевизори, при што за време на рекламата на десната страна од ТВ екранот се прикажуваат производи кои корисниците можат да ги прелистуваат со далечинскиот управувач. Со помош на QR код, производите можат веднаш да се отворат и купат преку мобилен телефон. Исто така, постои и можност сите производи да се испратат на телефонот за подоцнежна купување.
Овие промени се дел од поширока стратегија на компанијата за одговор на променетите навики на корисниците – сѐ повеќе луѓе гледаат YouTube на телевизори, додека истовремено ги користат телефоните за шопинг и социјални мрежи. Според интерни податоци на YouTube, во првиот квартал од 2025 година телевизорите станале главен уред за гледање содржини на платформата во САД.
На презентацијата за огласувачи, YouTube истакна дека нивните кампањи на паметни телевизори (CTV) остваруваат повеќе од 50 милиони конверзии месечно. Според истражување на компанијата Kantar, корисниците во САД најчесто го користат YouTube како примарна платформа за информирање за брендовите.

