Компанијата Huawei претстави нов ултра тенок лаптоп, чија дебелина е слична со многу смартфони.
Станува збор за моделот MateBook Fold, кој има еден OLED екран со дебелина од 7,3 mm кога е отворен, односно 14,9 mm кога е затворен.
За споредба, дебелината на лаптопот Lenovo ThinkPad X1 Fold изнесува 8,6 mm во отворена, односно 17,4 mm во затворена форма, но за разлика од овој уред, MateBook Fold засега е достапен само во Кина по цена од околу 3.300 долари.
MateBook Fold користи 18-инчен екран кој се витка под агол од 90 степени и формира горен екран од 13 инчи, имитирајќи традиционален лаптоп, но со дигитална тастатура наместо физичка. Уредот тежи само 1,16 килограми, користи OLED екран со резолуција од 3,3K (3.296×2.472 пиксели) и има врвна осветленост до 1.600 нити. Лаптопот доаѓа со до 32 GB RAM и 2 TB внатрешна меморија.

Со овој лаптоп дебитираше и оперативниот систем HarmonyOS 5 на PC. Huawei првично го лансираше HarmonyOS на Android, но потоа го донесе својот оперативен систем и на PC, откако во март ја изгуби лиценцата за пристап до Windows поради американските санкции. Овој оперативен систем е достапен и на новиот MateBook Pro.

