Од сега сè е во рацете на вештачката интелигенција на Google, а класичната SEO стратегија за пребарување повеќе не важи.
Google SEO (Search Engine Optimization) всушност претставува сет на правила што се применуваат при креирање на веб-презентации, страници и поединечни содржини, со цел вашиот сајт и содржина да се рангираат што подобро и да се прикажат на врвот на Google пребарувањето. Сите оние правила што со години ја заокупираа вниманието и го водеа работењето на веб-програмерите и таканаречените „веб-мастери“ што макотрпно ги одржуваа сајтовите, едноставно – повеќе не важат. Барем така тврди токму оној што ја создаде SEO оптимизацијата – Google.
Авторот, кој претходно инстинктивно ги игнорираше SEO принципите, намерно тргна против нив пред околу една година и резултатите беа зачудувачки. Наместо да пишува според правилата на Google алгоритамот, тој одлучи да пишува „против“ нив, во стил што го нарекува анти-SEO или #Bananamode. Случајното вметнување зборови како „банана“ служеше за да ги збуни AI пребарувачите, и парадоксално, токму тој хаос доведе до огромен пораст на читаноста.
Во меѓувреме, Google и формално ја запечати судбината на класичниот SEO: на Google I/O конференцијата го претстави системот за AI-сумирано пребарување, кој генерира одговори и ги прикажува на самиот врв од резултатите, над сите останати. Накратко: вашиот сајт, статија или линк, дури и ако технички бил прв резултат за одреден поим, сега веќе не е прв, односно не е „на врвот“.
AI не го уби SEO – тој веќе беше мртов
Поголемиот дел од содржината што е „оптимизирана за пребарување“ се сведе на бесмислен микс и редослед на зборови, создадени не за да информираат, туку за да наведат на клик, често со цел да се продаде безвреден производ или сомнителна услуга. AI само го закова последниот ексер во ковчегот на таквите SEO правила.
Но не е сè изгубено. Авторот укажува на две оски на вистинска вредност кај содржината: едукација и емоционален одговор. Тоа е она што го поврзува писателот и читателот, и тоа е единственото нешто што алгоритмите сè уште не можат веродостојно да го репродуцираат.
SEO во својата класична форма, повеќе не функционира. Google сега дава предност на одговори генерирани од AI, а вашите решенија, линкови и текстови ќе бидат потиснати или стопени со содржина што дури и не сте ја создале вие.
Решение? Напуштете ја SEO-опсесијата и пишувајте содржини што луѓето навистина сакаат да ги читаат. Фокусирајте се на содржина што е:
- Незаменлива (личен стил, колумни, мислења)
- Изградете препознатлив стил и свој бренд
- Тешко копиралива или автоматизирана
И како што авторот иронично предлага: ако веќе влегуваме во ерата на пица-лепак и банана-мод, можеби конечно е време да престанеме да играме по правила што повеќе не важат – и да почнеме да пишуваме со смисла. Време е за длабок рез во полето на веб-администрација на содржина, советува Inc.