Nothing Phone (3) ќе биде најмоќниот паметен телефон во понудата на Nothing, но наместо Glyph LED интерфејс ќе користи dot-matrix дисплеј
Компанијата Nothing официјално најави на платформата X дека на 1 јули во 19 часот по наше време ќе го претстави Phone (3), својот прв вистински „флегшип“ модел.
Иако Phone (3) за првпат во историјата на брендот ќе има врвни спецификации и ќе може да конкурира на останатите премиум модели на пазарот, ќе биде без препознатливиот Glyph LED интерфејс на задната страна. Наместо тоа, Phone (3) ќе има dot-matrix дисплеј, кој според најавите од Nothing, ќе нуди уште поголеми можности за прилагодување на корисниците.
Бидејќи се работи за најнапредниот Nothing телефон досега, тоа секако ќе се одрази и на цената. Иако сè уште нема официјални информации, според неофицијалните, почетната верзија со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија ќе чини околу 800 долари, додека најсилната конфигурација со 16 GB RAM и 512 GB меморија ќе се продава за 900 долари.

Сè уште не е потврдено дали Nothing на истиот настан ќе ги претстави и своите први over-ear слушалки, моделот Headphone (1), но познато е дека тие би требало да бидат достапни за купување веќе во септември по цена од 300 долари. Повеќе за нив можете да прочитате во нашиот текст подолу.

