Една од најпопуларните линии на фитнес нараквици е таа на Xiaomi Smart Band. Актуелната генерација Smart Band 9 се појави во септември, и без изненадување, компанијата веќе го подготвува нејзиниот наследник – Smart Band 10.
Во меѓувреме, се појавија слики од основниот модел во оваа линија, а дознаваме и дел од наводните технички карактеристики.
Уредот ќе располага со AMOLED дисплеј со дијагонала од 1.72 инчи, резолуција 212 x 520 пиксели и густина на пиксели од 326 ppi. Батеријата ќе има капацитет од 233 mAh, со што ќе овозможи до 21 ден издржливост со едно полнење.
Уредот ќе може да следи над 150 спортски активности и ќе работи со HyperOS 2.0. Куќиштето е изработено од алуминиум, а ремчето е од TPU материјал. Димензиите на Smart Band 10 се 46.57 x 22.54 x 10.95 мм, со тежина од 15.95 грама.
Очекуваната цена е до 50 евра, со опции во бела, црна и розова боја.