Откако пристигна на iOS порано оваа година, бета-апликацијата на Adobe за Photoshop сега е достапна и за корисниците на Android бесплатно преку Google Play.
Photoshop бара уред со Android 11 или понова верзија на софтверот, како и најмалку 6 GB RAM, иако Adobe препорачува 8 GB за оптимални перформанси.
Корисниците на апликацијата ќе можат да ги користат сите функции достапни и во десктоп верзијата – од „играње“ со слоеви и маски, до отстранување на несакани делови од фотографиите со помош на алатката Tap Select и користење на вештачка интелигенција за Generative Fill.
Функции на мобилната верзија на Photoshop:
• комбинирање и мешање слики користејќи ги основните Photoshop алатки како селекции, слоеви и маски
• брзо отстранување или менување делови од слика со интуитивната алатка Tap Select
• отстранување пречки за неколку секунди со алатки како Spot Healing Brush
• користење на генеративни AI-функции базирани на Firefly, како што е Generative Fill, за лесно додавање или трансформирање елементи во визуелниот дизајн
• подобрување на креативната работа со растечката библиотека на бесплатни ресурси од Adobe Stock
• прецизни селекции со помош на алатките Object Select и Magic Wand
• усовршување на слики со напредни алатки како Remove и Clone Stamp
• контрола на слоеви и ефекти преку напредни начини на мешање и прилагодливи слоеви
Adobe потврди дека сите функции ќе бидат бесплатни за користење за време на бета-периодот, и дека „дополнителни можности ќе бидат наскоро достапни“.