LG официјално го пушти во продажба UltraFine 40WT95UF мониторот, за кој велат дека е првиот во светот што истовремено нуди 5K2K резолуција и поддршка за Thunderbolt 5.
Мониторот има дијагонала на екранот од 40 инчи и наменет за користење во финансискиот сектор или ИТ-индустријата, каде никогаш нема доволно дисплеј простор за сите податоци што сакаме да ги прикажеме истовремено. Односот на страници е 21:9, а во соопштението се вели и дека „поддржува мултитаскинг“.
Во превод, тоа значи дека поддржува функции како „слика во слика“ и „слика до слика“, што овозможува поврзување на повеќе извори на еден монитор – нешто што некој би го нарекол вистинска повеќезадачност.
Ако се прашувате што значи 5K2K резолуција, тоа во пиксели изнесува 5.120 x 2.160 точки, со фреквенција од 120 Hz и IPS Black матрица.
Thunderbolt 5 интерфејсот нуди пропусна моќ до 80 Gb/s и овозможува полнење на лаптопи преку истиот кабел. Од другите опции за поврзување, достапни се USB-C, USB-A, HDMI, DisplayPort 2.1 и RJ45.
Цената не се споменува, а мониторот е наменет за B2B пазарот, па затоа не се очекува во малопродажба.
Повеќе детали за мониторот може да се најдат на официјалната веб-страница на LG.