Новата платформа Snapdragon AR1+ Gen 1 носи офлајн AI обработка директно во паметните очила, елиминирајќи ја потребата од телефон или cloud поврзување.
Qualcomm штотуку ја најави Snapdragon AR1+ Gen 1 – чипсет кој може да претставува пресвртница во развојот на паметните очила. Додека денешните модели, како што се Ray-Ban Meta, сè уште зависат од паметен телефон за поголем дел од функционалноста, Qualcomm реши да направи радикален чекор и целата процесорска моќ да ја пренесе директно во очилата.
Крај на потребата од „паковчиња“ и cloud?
Досегашните стратегии за паметни очила се темелеа на три главни правци:
- Поврзување со cloud – обработката се врши на далечински сервери
- Поврзување со телефон или компјутер – очилата сами по себе не прават многу
- „Computational puck“ – мал дополнителен уред кој корисникот го носи во џеб
Сега Qualcomm воведува четврти правец: паметни очила што сè работат локално, без надворешна помош. Благодарение на платформата Snapdragon AR1+ Gen 1, очилата за првпат можат самостојно да извршуваат напредни мултимодални AI функции без потреба од поврзување.
Технологија во практична примена
Демонстрацијата на паметните очила RayNeo X3 Pro покажа како овој чип овозможува извршување на LLM (Llama 1B) модел целосно локално. За време на демонстрацијата, Ziad Asghar од Qualcomm само со говор поставуваше прашања до очилата – на пример, како да подготви фетучини алфредо за роденденот на ќерка му – и добиваше одговори и визуелен приказ директно на леќите, без никаква интернет врска.
Оваа технологија користи мали јазични модели (SLMs) кои се доволно оптимизирани за да можат да функционираат во ваков мал хардвер, а сепак да даваат извонредни резултати во секојдневна употреба.
Технички спецификации и предности
- 26% помал дизајн во однос на претходните генерации
- Подобра енергетска ефикасност и помала латенција
- Подобрен квалитет на приказ за AR елементи
- Поддршка за целосно офлајн AI обработка и комбинирана аудио-визуелна интеракција
Ова не е само технолошки напредок – ова е доказ дека паметните очила се приближуваат до точката на целосна автономија, што ги прави покорисни, поедноставни и помобилни од кога било досега.
Што понатаму?
Иако Qualcomm продолжува да развива и други пристапи, јасно е дека сите се стремат кон истата цел: VR моќ во AR очила со големина на обични рамки. Snapdragon AR1+ Gen 1 е еден од најважните чекори во таа насока досега и ги отвора вратите за новата генерација на Android XR уреди кои повеќе не зависат од други, туку овозможуваат самостојно функционирање, пишува TomsGuide.