Станува збор за навистина едноставна апликација која всушност има само една задача – кога ќе се појави оглас на YouTube што може да се прескокне, апликацијата го детектира и едноставно автоматски го прескокнувa.
Огласите се нужно зло, а добро позната е фактата дека секоја услуга или сервис кој се нуди бесплатно, всушност заработува од корисниците – само на поинаков начин. Никој не ги сака огласите на YouTube, а нив има сè повеќе, додека претплатата на Premium пакетот на многумина им е прескапа.

За среќа, тоа не значи дека не постојат начини да се олесни „соживотот“ со бесплатниот YouTube, а еден од тие начини е токму Ad Skipper. Станува збор за минималистичка апликација која е специјализирана само за едно – прескокнување огласи на YouTube.
Се разбира, ова се однесува само на оние огласи кои можат да се прескокнат, па не треба да се очекуваат чуда, особено ако се знае дека апликацијата се потпира на API-то за пристапност (AccessibilityService API), што значи дека мора да ѝ се дадат соодветни дозволи за да може да го скенира екранот и да го детектира копчето за прескокнување огласи.

Кога навистина ќе го препознае копчето, огласот автоматски се прескокнува – како со магија. Секако, постојат и други начини целосно да се блокираат огласите на YouTube, но за оние кои сакаат да ја користат официјалната апликација на сервисот и само сакаат да го автоматизираат процесот на прескокнување огласи – токму тоа го овозможува оваа апликација со отворен код.


