Xiaomi ја најави својата премиера за 26 јуни во Кина. Во рамки на настанот, компанијата ќе го претстави својот следен смартфон со преклоплив екран – Mix Flip 2, како и таблетот Pad 7S Pro, но и уште IoT производи и својот прв SUV, YU7.
Исто така, постојат гласини дека на настанот ќе бидат најавени и Redmi K80 Ultra, Redmi K Pad, очила со вештачка интелигенција, Xiaomi Open Earphones Pro, Mi Band 10 и Xiaomi Watch S4 41mm.
Традиционално, серијата Redmi K не пристигнува директно во Европа, но уреди од таа серија доаѓаат под други имиња. Затоа е интересно да се видат и овие додатоци. Електричните возила на компанијата, исто така, сè уште не се достапни во Европа.

Затоа можеби најинтересното ново парче технологија што нè засега на краток рок е преклопливиот Mix Flip 2. Се очекува да има 6.85-инчен главен екран, батерија со капацитет од 5100 mAh и двојна 50MP главна камера.


