Кратките и чести дополнувања всушност можат да помогнат батеријата да трае подолго, велат експертите за литиум-јонска технологија.
Не, не е лошо телефонот да се полни повеќе пати во текот на денот — напротив, дополнувањето во помали интервали може да биде корисно за подолг животен век на батеријата. Денешните паметни телефони користат литиум-јонски батерии кои се дизајнирани да издржат чести, кратки полнења, за разлика од постарите технологии кои бараа целосно празнење и полнење.
Исидор Букман, основач на компанијата Cadex Electronics, изјави дека целосниот циклус на полнење (од 0% до 100%) треба да се избегнува, освен кога батеријата покажува проблеми, како на пример ненадејно гаснење иако покажува дека е наполнета. Во такви ретки случаи, целосниот циклус може да помогне во „ребалансирање“ на сензорите.

Литиум-јонските батерии во просек траат од 2 до 3 години, односно 300 до 500 полнења, по што нивниот капацитет опаѓа за околу 20%, велат експертите. За разлика од порано верувањата, не мора да ја празните батеријата до крај за да ја сочувате. Напротив, повеќето производители, вклучително и Samsung, препорачуваат батеријата да остане над 50% секогаш кога е тоа можно.
Препораки за оптимално полнење:
- Полнете го телефонот кога и да ви е згодно.
- Не дозволувајте батеријата често да паѓа под 20%.
- Избегнувајте телефонот да остане приклучен долго време откако ќе се наполни до 100%.
- Повремено испразнете ја до нула само ако е потребна калибрација на батеријата.
Повеќе мали полнења дневно не штетат, туку напротив — користат. Важно е само да се избегнуваат екстремни вредности, како што се постојано празнење до 0% или оставање на телефонот премногу долго на полнач кога батеријата е веќе полна.

