Корисниците на Reddit открија низа корисни и скриени iPhone трикови што можат значително да го поедностават секојдневното користење на iOS 18. Од побрзо споделување фотографии до напредни гестови — ова мора да го знаете!
Колку добро го познавате својот iPhone? Иако многумина секојдневно го користат својот телефон, голем дел од корисните функции остануваат неоткриени. Благодарение на активните Reddit корисници, сега имаме вистинска ризница со совети и трикови што може да го направат користењето на iPhone поефикасно и поинтересно.
На форумот r/ios, еден корисник започна дискусија со практичен трик: доколку подолго задржите на [+] во iMessage апликацијата, автоматски ќе бидете пренасочени до опцијата за споделување фотографии — многу корисно за оние што често испраќаат слики до семејството и пријателите.

Во коментарите брзо се разви листа со дополнителни трикови, а друг корисник сподели цела колекција на неверојатно корисни гестови и скриени функции. Ги издвојуваме најинтересните:
Навигација и кратенки:
- Повлечете лево или десно по долната лента за брзо менување меѓу апликации.
- Во Safari, со повлекување по адресната лента менувате јазичиња.
- Повлечете ја долната лента надолу за полесен пристап со една рака.
- Допрете го врвот на notсh-от за веднаш да се вратите на почетокот на страната.
Текст и тастатура:
- Подолго задржување на spacebar ја претвора тастатурата во touchpad за полесен избор на текст.
- Допрете каде било додека држите spacebar за селекција на текст.
- Троен допир и задржување отвора опции за копирање, сечење, лепење, undo и redo.
- Со три прста: “уќипете” за копирање, “раширете” за лепење.
- Протресете го телефонот или повлечете лево со три прста за “Undo”.
Организација и селекција:
- Изберете повеќе фотографии со повлекување преку нив.
- Со два прста на листата со е-пошта, повлечете надолу за брза селекција на повеќе пораки.
- Кога преместувате апликации на почетниот екран, можете да ја задржите една и потоа да додадете повеќе со едноставно допирање.
Персонализација и пристапност:
- Вклучете тастатура за користење со една рака: Поставки > Тастатура > Тастатура за една рака.
- За намалување на осветлувањето под минималното: Поставки > Пристапност > Приказ и големина на текст > Намали бела точка.
- Додадете ја опцијата “Hearing” во контролниот центар за слушање амбиентални звуци како дожд или океан.
- Скријте го “Hidden album” во фотографии: Поставки > Фотографии > Исклучи скриен албум.
iOS 18 – меѓу критики и кориснички подобрувања
Иако iOS 18 првично беше дочекан со доза скептицизам, Apple преку понатамошни ажурирања внесе корисни новини што го подобрија првиот впечаток. Сепак, додека го очекуваме спектакуларниот iOS 26 со новата Liquid Glass технологија, корисниците сѐ повеќе се навраќаат на вакви трикови за да го извлечат максимумот од постоечкиот систем.
Ако сте iPhone корисник, големи се шансите дека барем неколку од овие трикови досега не ви биле познати. Пробајте ги — можеби некој од нив ќе ве изненади колку може да ви го олесни секојдневното користење, пишува Uniladtech.
