Redmi K80 Supreme постави нов рекорд во траење на батеријата кај Xiaomi телефоните, со капацитет од 7410 mAh и 100W брзо полнење – трае повеќе од два дена дури и при интензивна употреба.
На презентацијата на Xiaomi под наслов „луѓе, автомобили и паметни домови“, официјално беше претставен моделот Redmi K80 Supreme Edition.
Како што наведе претставникот на кинеската компанија, овој модел е опремен со огромна батерија со капацитет од 7410 mAh, што е за 1910 mAh повеќе од претходната генерација. Благодарение на тоа, Redmi K80 Supreme постигнува неверојатна автономија од 2,26 дена според DOU стандардот, што го прави Xiaomi телефонот со најдолго траење на батеријата досега. Вистински телефон од типот „две дена – едно полнење“.
Уредот користи напреден Surge P3 Xiaomi контролер за брзо полнење и е првиот модел што користи нова батериска технологија со поддршка за 100W ултра-брзо полнење. Исто така, поддржува и подобрена функција „Bypass Charging Plus“.

Оваа технологија овозможува динамична распределба на енергијата при истовремено полнење и играње. Системот директно го напојува чипсетот, додека батеријата се полни оптимално во позадина за време на целиот процес. На тој начин се намалува загревањето на уредот, се одржува стабилна фрејмрејт-изведба и се продолжува животниот век на батеријата, дури и во услови на низок напон.
Според тестирањата во базата на податоци WHYLAB, Redmi K80 Supreme по 5 часа интензивна употреба имал дури 66% преостаната батерија, со што се пласира на првото место во категоријата на траење на батерија.



