Корисниците сега можат да го преместат полето за внес на интернет адреса (address bar) на дното од екранот, со што се подобрува пристапноста и удобноста при користење на Chrome прелистувачот на телефони со поголеми екрани.
Google конечно им овозможи на корисниците на Chrome прелистувачот на Android да го преместат полето за веб-адреса од врвот на дното на екранот. Станува збор за функција која многумина ја бараат со години, а која наскоро ќе биде достапна за сите преку постепено ажурирање.
Иако можеби не изгледа како нешто големо и важно, за многу корисници — особено оние со помали дланки и поголеми телефони — обидот да го допрат полето за внес на адреса на врвот од екранот претставувал постојана непријатност. Новата опција го прави користењето на прелистувачот значително поудобно.

Уште поважно: Google овојпат направи нешто што често го заборава — им даде избор на корисниците. Нема задолжително преместување, туку можност самите да одлучат што им одговара повеќе.
Како да се користи новата опција:
- Почекајте функцијата да стане достапна за вашиот профил, бидејќи Google ја воведува постепено за да избегне можни грешки.
- Кога ќе стане достапна, доволно е да притиснете и задржите прст на полето за веб-адреса и да ја изберете опцијата „Премести ја адресната лента на дното“.
- Алтернативно, можете да отидете во Подесувања на Chrome и во делот „Address bar“ да ја изберете позицијата што ви одговара најмногу.
Опцијата е едноставна, корисна и покажува дека Google (барем повремено) ги слуша потребите на своите корисници.

