Новата телефото камера на следниот Nothing Phone (3) е наменета за креаторите на содржини, а компанијата најавува и можност за макро фотографија преку истиот сензор.
Во пресрет на официјалната премиера следната недела, компанијата Nothing потврди дека новиот Phone (3) конечно ќе ја добие функцијата што многумина ја замеруваа кај неговиот претходник – телефото камера.
Во кратко соопштение, Nothing објави дека Phone (3) ќе биде опремен со перископска телефото камера со резолуција од 50 мегапиксели, опишана како камера „создадена за креатори“. Сè уште не е прецизиран нивото на оптичко зумирање (2x, 3x итн.), но самото вклучување на телефото објектив претставува значително унапредување.

Компанијата ги сподели и првите примероци од фотографии направени со оваа камера. Иако е тешко прецизно да се утврди нивото на зумирање од достапните слики, јасно е дека перископскиот сензор ќе има и секундарна функција – макро фотографија. Сличен пристап веќе беше виден кај моделот Phone (3a).
Генералниот директор Карл Пеј исто така сподели примероци од фотографии, дополнително најавувајќи фокус на фотографијата кај овој модел. Повеќе детали се очекуваат при самото претставување, пренесува 9to5Google.

