Компанијата TILTA лансираше професионален сет додатоци што го претвора Huawei Pura 80 Ultra во моќна алатка за снимање и фотографирање.
TILTA, реномиран кинески производител на професионална опрема за филмска и видео продукција, ја претстави новата „професионална“ фотографска едиција за Huawei Pura 80 Ultra. Овој специјален сет додатоци е наменет за корисници кои сакаат максимално да го искористат потенцијалот на камерата од овој телефон, особено при создавање видео и фото содржини.
Сетот вклучува низа иновативни додатоци: специјално дизајнирана футрола со електронски конектори, странична рачка со батерија, систем за ладење, мини рефлектор, статив и адаптери.
Најинтересниот дел е заштитната футрола со вградено електронско коло – прва од ваков вид во светот. Таа има вграден систем за дополнително напојување и неуронска мрежа, овозможувајќи директно поврзување со други електронски компоненти преку надворешни приклучоци.
Страничната рачка содржи батерија со капацитет од 5000 mAh, поддржува 20 W брзо полнење и има USB-C излез што директно го полни телефонот. Има физички копчиња за вклучување, снимање и контрола на дополнителни функции, како и 3.5мм приклучок за микрофон.
Во сетот се вклучени и вентилатор што се врти со брзина од 6700 вртежи во минута. Има магнетно поврзување и механизам за прицврстување, а може да го лади уредот до температура од -8°C, што е корисно за подолги снимања во предизвикувачки услови.
Дополнително, тука се и мини LED светло, статив и quick-release адаптер, кои го комплетираат сетот наменет за напредна мобилна фотографија и снимање. Ова фото-издание за Huawei Pura 80 Ultra е достапно по цена од околу 420 евра преку официјалната VMall продавница.