Honor Magic V5 поставува нов стандард во индустријата на тенки и лесни преклопни паметни телефони
Глобалната компанија за AI уреди и дигитален екосистем, Honor, го претстави во Кина најновиот преклопен паметен телефон – Honor Magic V5. Како најтенкиот и најлесниот преклопен телефон во светот досега, со преклопување навнатре, Honor Magic V5 претставува врв на индустрискиот дизајн и иновација, вклучувајќи ја и првата масовно произведена силиконско-јаглеродна батерија од 6.100 mAh со 25% содржина на силициум.
Поддржан од вештачка интелигенција, новиот паметен асистент YOYO носи напредни AI функционалности кои им помагаат на корисниците да го искористат максимумот од големите екрани. Honor Magic V5 доаѓа во неколку бои – боја на слонова коска, црна, златна и кафена.
Најтенкиот и најлесниот преклопен телефон во светот со исклучителна издржливост
Honor Magic V5 поставува нови стандарди во користењето на преклопни телефони, со ултра тенко куќиште со дебелина од само 8,8 mm и тежина од 217 грама. Ова достигнување е резултат на инженерска извонредност и најнапреден AI производствен систем кој ја подобрува структурата, стабилноста и овозможува речиси невидлив набор – за беспрекорно искуство при секое отворање и затворање.

Уредот е отпорен на вода и прашина со IP58 и IP59 сертификати, а е изработен од зајакнати карбонски влакна одвнатре и заштитен Anti-scratch NanoCrystal слој однадвор. Карбонскиот слој е отпорен на деформации до 380 GPa, а шарката Honor Super Steel со затегнувачка цврстина од 2300 MPa овозможува мазно и сигурно преклопување.
Големиот внатрешен екран од 7,95 инчи овозможува мултитаскинг на високо ниво, додека надворешниот екран од 6,43 инчи нуди брз пристап до најважните функции во движење.
Револуционерна силиконско-јаглеродна батерија
Honor Magic V5 го носи првиот во индустријата Honor силиконско-јаглеродна батерија со капацитет од 6.100mAh, достапна ексклузивно во 1TB моделот. Со 25% силициум и енергетска густина од 901Wh/L, оваа батерија овозможува подолг век и поголема ефикасност.
Во комбинација со чипот Honor E2 и дополнителен SoC регулатор на напон, корисниците добиваат долготрајна автономија, висока безбедност и оптимална термална ефикасност. Телефонот поддржува 66W жично и 50W безжично Honor SuperCharge полнење.

Моќен зум со перископска телеобјектив камера од 64MP
Honor Magic V5 е опремен со Honor AI Falcon систем на камери, кој нуди професионално фотографско искуство. Во него се вклучени: унапредена перископска телеобјектив камера од 64MP, широкоаголна камера од 50MP и ултра-широкоаголна камера од 50MP. Благодарение на моќните леќи и AI обработка на сликата, корисниците можат да снимаат извонредно јасни и детални фотографии и видеа во сите услови и на сите нивоа на зум.
Паметно корисничко искуство со MagicOS 9.0.1
Honor ја предводи ерата на автопилот AI технологија. Новиот оперативен систем MagicOS 9.0.1 го интегрира паметниот асистент YOYO, кој им овозможува на корисниците преку едноставни команди да извршуваат задачи како: креирање презентации, кодирање, пребарување, споделување фајлови, нарачување такси, пристап до камера во живо, споделување екран и многу повеќе.

Овој модел е опремен со Qualcomm Snapdragon 8 Elite (3nm) чип, што обезбедува врвни перформанси и AI унапредувања за беспрекорно искуство. Дополнително, поддржува најширок спектар на 5G фреквенции од сите преклопни телефони досега.
Претпродажбата во Кина започнува на 2 јули, а уредот ќе биде достапен и на други пазари подоцна оваа година.



