Motorola го лансираше моќниот среден сегмент во форма на моделот G100 Pro со многу светол екран, Android 15 и Sony LYT-600 сензор.
Motorola тивко го лансираше новиот Moto G100 Pro во Кина, како наследник на моделот G100 од 2021 година. Новиот телефон носи значајни унапредувања, вклучувајќи екран со висока осветленост, модерен MediaTek чипсет и голема батерија, а истовремено ја задржува пристапната цена.
Клучни спецификации на моделот Moto G100 Pro
Moto G100 Pro доаѓа со 6,67-инчен AMOLED екран со резолуција од 1.5K (2712 x 1220 пиксели), стапка на освежување од 120Hz и импресивна максимална осветленост од дури 4500 нити. Екранот е заштитен со Gorilla Glass 7i, а сензорот за отпечатоци е интегриран под екранот. Присутни се и стерео звучници со поддршка за Dolby Atmos.
Телефонот го придвижува MediaTek Dimensity 7300 чипсет, а достапни се верзии со 8 GB или 12 GB RAM и 256 GB или 512 GB внатрешна меморија. На задната страна се наоѓа двоен систем на камери – главниот 50 MP Sony LYT-600 сензор и 8 MP ултраширокоаголна камера. Селфи камерата има 32 MP.
G100 Pro работи со Android 15 и Motorola Hello UI
Една од најголемите предности е огромната батерија од 6720 mAh со брзо полнење од 30 W. Дополнително, уредот има IP68/IP69 сертификати за отпорност на вода и прашина, како и MIL-STD-810H воен стандард за издржливост. Тежината на уредот изнесува 198 грама, а дебелината само 7,87 мм.
Moto G100 Pro моментно се продава само во Кина по следниве цени:
- 8GB + 256GB: околу 195 американски долари
- 12GB + 256GB: околу 210 американски долари
- 12GB + 512GB: околу 240 американски долари
Достапен е во четири бои: Pine Smoke Blue, Tundra Blue, Clouds Ink Black и Silk Purple.
На глобалниот пазар, овој телефон се продава под името Moto G86, додека верзијата со поголема батерија од 6720 mAh се нарекува Moto G86 Power. Стандардниот Moto G86 има помала батерија од 5200 mAh.
Motorola со оваа серија цели кон корисниците на кои им се важни долготрајната автономија, добар екран и издржливост на уредот – и сето тоа по цена што останува во рамките на средната класа, пренесува Gizmochina.