Преклопните паметни телефони може да бидат издржливи, а токму тоа го докажува и Honor во своето ново демонстрациско видео за моделот Magic V5.
Honor пред неколку дена официјално го претстави Magic V5, својот најнов склоплив мобилен телефон, кој воедно е и најтенкиот во светот, а сега објави и промотивно видео со кое сака да им ја покаже на купувачите неговата отпорност.
Имено, во видеото Magic V5 прво е изложен на симулација на силен дожд, што е во согласност со неговиот IP59 сертификат за заштита од водени млазови под висок притисок. Потоа го поминува тестот за замрзнување и изложеност на многу високи температури, што го преживува без никакви проблеми.

Но, најневообичаениот дел од демонстрацијата прикажува истрелување на челични топчиња кон телефонот, кој ги поднесува сите удари без тешкотии. Целото видео можете да го погледнете подолу.


