Pixel Watch 4 ќе биде достапен во варијанти од 41 и 45 милиметри, со ремчиња во разни бои. Дополнително, за поголема персонализација, купувачите ќе можат да изберат помеѓу неколку видови ремчиња.
Се очекува Google на 20 август да ја претстави новата генерација на своите уреди, меѓу кои ќе биде и Pixel Watch 4. Иако изминатите месеци повремено се појавуваа неофицијални информации за паметниот часовник на компанијата, сега се откриени клучни детали како големините и боите.
Според неофицијални информации, Pixel Watch 4 ќе биде достапен во верзии од 41 и 45 милиметри, во варијанти со и без поддршка за 4G LTE мрежа. Часовникот ќе се нуди во пет бои – црна (Obsidian), бела (Porcelain), виолетова (Iris), жолтеникава (Lemon) и светлосива (Moonstone).
Со цел да се следат денешните трендови, Google ќе понуди широк избор на ремчиња во различни бои. Ќе може да се купат силиконски, кожени, со „чичак“ затворање, па дури и метални ремчиња. Значи, изборот ќе биде навистина богат.
Иако по изглед ќе потсетува на минатогодишниот модел, Pixel Watch 4 ќе биде нешто подебел со 14,3 милиметри, но со потенки рамки околу екранот. Покрај тоа, се очекува да има и две нови копчиња поставени до звучникот од страничната страна за полесна контрола на менито.
Повеќе детали се очекуваат на претставувањето на Google во август.