Предводена од Galaxy Watch8, новата линија на часовници на Samsung би можела да биде првата што ќе добие нови Galaxy AI функционалности.
Новата серија паметни часовници на Samsung, со Galaxy Watch8 како водечки модел, би можела да биде првата што ќе ги вклучи новите вештачки интелигенции (AI) функционалности.
Samsung денеска ќе го одржи својот долгоочекуван Galaxy Unpacked настан во Њујорк, закажан во 16 часот. по македонско време. Се очекува компанијата да ги претстави новите телефони на преклоп и паметни часовници, а пред настанот веќе видовме доста протечени информации за двата типа на уреди.
Роланд Квандт од WinFuture, кој во минатото често откриваше уреди пред нивното официјално претставување, неодамна на X алтернативата Blue Sky сподели неколку промотивни материјали за Galaxy Watch8 и Watch8 Classic. Тие детално опишуваат некои од функциите што можеме да ги очекуваме.

Објавата беше пренесена од 9to5Google, а сликите не само што го прикажуваат редизајнираниот хардвер кој претходно се спомнуваше во гласините, туку и дека Google-овиот Gemini би можел да дебитира на Watch8 Classic. Исто така, се спомнува и нешто наречено „тренер за трчање“ на Galaxy Watch8.
Во протечените промотивни слики нема дополнителен контекст за овие функции, но како што наведува 9to5Google, корисничкиот интерфејс за Google Gemini изгледа исто како Google Assistant на Wear OS.
Во моментов не е јасно што сè ќе може да се „праша“ Google Gemini, но Samsung сигурно ќе открие повеќе за оваа функција за време на денешниот Unpacked настан. Барем ќе остане некое изненадување за попладне!
Што се однесува до тренерот за трчање – повторно, нема детали за тоа што конкретно подразбира таа функција. Паметните часовници на Samsung одамна нудат богат избор на здравствени и фитнес функции, па претпоставуваме дека ова ќе биде само уште еден додаток кон веќе многу успешниот репертоар, а можеби ќе нè изненади и со нешто ново.
Целиот настан можете да го проследите на YouTube каналот на Samsung, како што спомнавме, во 16 часот на долниот линк.

