Очекувањата за следниот Ultra флегшип на Samsung, сосема разбирливо, се големи. Тоа е и очекувано, со оглед на тоа што овие уреди се меѓу најдобрите и најпродаваните на пазарот, вклучително и актуелниот Galaxy S25 Ultra.
Сега се појави нова гласина поврзана со следната генерација, која дефинитивно ќе им се допадне на фановите на Ultra. Традиционално, новата серија би требало да биде претставена во јануари, а Galaxy S26 Ultra може да добие значително подобрување на камерата.
Поточно, главниот сензор на главната камера наводно ќе биде тип 1/1.1″ од Sony, со резолуција од 200MP. Тоа ќе биде и првиот ваков сензор од јапонската компанија.

За споредба, Galaxy S25 Ultra користи Samsung ISOCELL HP2, кој исто така има резолуција од 200MP, но е помал (1/1.3″). Поголемиот сензор ќе може да собере повеќе светлина, што ќе резултира со подобар квалитет на фотографиите.
Сепак, постои можност Samsung да ја одложи употребата на овој сензор за Galaxy S27 Ultra во 2027 година. Останува да видиме како ќе се одвиваат работите.



